„Рамстор“ наскоро отвора маркет во центар на Велес
Објавено на 16 јуни, 2025 во 14:44

Маркетот на познатиот трговски ланец „Рамстор“ ќе биде сместен во деловен простор на приземјето на комплексот на поранешна „Стоковна куќа НАМА“.
Просторот на маркетот во моментов се доуредува, соопштија од „Рамстор“. Исто така додадоа дека избрани се кандидатите кои ќе бидат вработени и во моментов се на обука во Скопје.

Од „Рамстор“ најавија дека Велешани ќе почнат да пазарат во маркетот, во центар на Велес, веќе на почетокот на месец јули, годинава.
Убавка Јаневска
