Реконструкција и гумени елементи на патните премини на железничките пруги во Велес
Македонски железници ќе ги реконструира железничките премини преку пругите во Велес со тоа што ќе поставува елементи изработени од рециклирана гума. За прв патен премин е избран велешкиот на пругата Скопје – Битола што се наоѓа пред поранешната фабрика за тули и градежни елементи „Ќиро Ќучук“. Таму денеска работници веќе ги започнаа подготвителните работи. Работниците треба да завршат до среда, 22 септември кога се очекува да стигнат претставници на специјализирана хрвстка компанија, коишто ќе започнат со поставувањето на гумените елементи.
Во среда на 22 септември, ќе биде запрен соораќајот на оваа сообраќајница во градот и по неа нема да се вози 48 часа туку сообраќајот ќе биде пренасочен на улицата „Луј Пастер“.
Втор железнички премин што ќе се реконструира во Велес ќе биде на пругата Скопје – Кочани во близина на населбата Речани. Во овој проект на Македонски железници партнер е и Општина Велес за што се обезбедени финансиски средства од локалниот буџет.
Убавка Јаневска