Повреден тракторист кога излетал од патот кај село Сирково

Објавено на 18 април, 2016 во 08:01

Tешко е повреден , тракторист од селото Сирково кај Росоман, откако излетал од патот. Трактористот е на возраст од четириесет години а несреќата се случила вчера околу 15 часот и 13 минути кај местото викано „Чернец“. Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

„ Во несреќата, трактор марка „ИМТ 539“ управуван од В.М. (1976) од село Сирково, излетал надвор од патот. Со тешки телесни повреди се здобил возачот. Тој бил пренесен во јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци, од каде бил пренесен на Клиниката за торакална хирургија во Скопје“, рече Стојковска.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Кавадарци во присуство на надлежен јавен обвинител .

Началникот на одделението за хирургија при кавадаречката општа болница, доктор Дано Кулев, соопшти дека пациентот бил донесен во шок и во состојба ризична по живот.

„ По реанимацијата и стабилизирањето на здравствената состојба откако беше снимен на рентген и направивме ехо снимање на стомак кога утврдивме дека има неколку скршени ребра на десната страна од градниот кош и крварење во белите дробови одлучивме да го транспортираме на скопските клиники“,рече д-р Кулев.

Трактористот бил транспортиран на скопските клиники поради понатамошно лекување. /У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.