Наскоро, градинка и во Росоман!

Објавено на 30 октомври, 2012 во 13:16

Градинка ќе се отвори за потребата од сместување на децата од Росоман. Нивните родители можат да здивнат бидејќи досега за да ги згрижат во работниот дел од денот децата ги носеа во градинката во Кавадарци.

Гаранција дека нема веќе да патуваат, за децата и родителите, е скоро изградениот објектот во Росоман. За потребите на градинката купена е опремата и детските играчки. Во моментов се работи на довршување на инсталација на парниот систем за греење во објектот.

 

Од локалната самоуправа велат дека веднаш по техничкиот прием на зградата градинката ќе ја стават во функција. Капацитетот е максимум педесет дечиња кои ќе  бидат распределени во две групи.

Жителите на Росоман, претежно родители на деца од една до пет години, велат дека со нетрпение очекуваат да започне работата на градинката. И тие признаваат дека досега ги малтретирале  децата секое утро транспортирајќи ги до Кавадарци.

“Ги будиме рано наутро за да стигнат навреме во градинка. Секое утро патуваме десетина километри. Тоа посебно ни создава проблем во зима. Сега со отворањето на градинка во Росоман ќе ни биде и нам полесно и нема да доцниме на работа. Секако најдобро ќе биде за нашите деца бидејќи со објект во нашата општина нема да имаме проблеми и со земањето од градинка на децата. Подобро е кога е поблизу до домовите, “ рекоа Росоманчани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.