Продаваат храна, ама се плашат од инспекторите
Инспекторите ги плашaт пазарџиите на традиционалниот пазар во Росоман, покрај регионалниот пат Прилеп-Градско. Тие велат таму од минатата година се појавила “црна чума“.
{youtube}http://http://www.youtube.com/watch?v=PUWqT7oncVs&feature=plcp|500|281|0{/youtube}Им ги расипала сметките за заработка во време кога се бореле за егзистенција. Добивале високи казни поради тоа што продаваат зимница подготвена на домашен начин.
“Лошо е. Овде сум и лето и зимо триесет години. Ама оваа година е многу тешко. Претходно имаше многу продавачи и купувачи. Беше како на пазар во град. Сега не бркаат. Од лани црна чума се зададе“ рече продавачката Божана Костовска
Божана Костовска е жена чија фамилија долги години егзистира од производството на земјоделски производи и продажба на зимница.
“Продавам низи со пиперки , суво овошје, шишиња и тегли со зимница. Сето ова го правам за да им помогнам на моите внуци кои се на факултет. Ќерките ми помагаат во подготовката на зимницата, а јас само продавам“ рече Божана Костовска.
Беше исплашена и додека разговаравме. Сепак ни откри дека од продажбата на овој пазар може да се заработи. Напорно е, се стои на нозе и во лето и во зима, кога врне дожд, дува ветар ветер и паѓа снег. Божана вели, мора да се работи, нема лесна и тешка работа, независно што трошоците се големи.
“ 10 илјади денари дадов за тезга, 5400 денари за УЈП Данок за 2011, допрва треба да платам и за 2012. Паушално плаќам данок. Платив 100 евра казна. Секој ден 50 денари за што држам место на пазарот. Муштериите ќе речат немаме никаков трошок, но не е така“ ни открки Костовска.
Додека го шетавме пазарчето во Росоман, продавачите, се на штрек, на секое застанување на автомобил. Го очекуваа доаѓањето на инспекторите и повторното соочување со казните. Кај сите нив постои желба да ја продолжат работата како и стравот од високи казни. Продавачите рекоа дека се измачени земјоделци и продавачи на храна и дека им е тешко да работат под притисок. Ни открија дека нивната зимница најмногу ја купувале лекари, професори, инжинери, најчесто во станови во поголемите градови и неможат да го подготват традиционалниот македонски ајвар или пак немаат време да стават во пресол лути феферонки.
Купувачите кои ги затекнавме на пазарот кај Росоман ни рекоа дека секојпат застануваат за да си купат зимница за која пресуден бил вкусот и квалитетот. Тие беа охриѓани и скопјани.