Росоман го одбележа роденденот на општината
Аднан Јетишки, бизнисмен од Измир е годинашен добитник на највисокото признание што општина Росоман го доделува за промоција на општината.
Признанието му беше доделено денеска на свечената седница со која Росоман го одбекежа денот на општината. Овој пријател на Росоман го заслужи со тоа што ја промовираше росоманската праска во Турција.
“Македонски државјанин сум, жител на Росоман. Ги сакам луѓето и нивната топлина затоа и понатаму ќе се залагам да стигнеме што подалеку“ рече Јетишки, а признанието му давало мотив повеќе да се залага за промоција на општината.
По повод денот на општината жителите на Росоман добија фудбалско игралиште и забавен мини парк за млади.
Беа доделени и награди за најдобрите ученици Стојанче Саздов, Симона Филипова и Билјана Саздова, а неколу наставници добија решенија за работен однос.