Неисправна е водата во селата во општина Росоман

Објавено на 23 август, 2014 во 12:48

Резултатите од последните анализи на Ценатрот  за јавно здравје Кавадарци  покажаа дека водата за пиење во росоманските села  Дебриште, Паликура, Камен Дол и Сирково е неисправна за пиење. Пред употреба потребно е водата да се проврива.

Во водата од селските водоводи, но и во селските чешми е пронајдена бактерија ешерихија коли, поради што водата е хигиенски неисправна.

Од центарот за јавно здравје информираат дека до надлежните структури упатени се препораки за асанација на објектите и околината, дезинфекција на водата, а до жителите се апелира задолжително превривање на водата пред нејзина употреба за пиење.  /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.