Се фрескоживописува црквата во Росоман

Објавено на 22 октомври, 2014 во 10:09

Активно се работи на фрескоживописот на соборниот храм  Св.Тројца во Росоман. Се цртаат фрески со пари од донации, средства одобрени од советот на  општина Росоман, а ќе помага и бизнис секторот.

Во полн сјај,  според првичните проценки соборниот храм во Росоман ќе биде на почетокот од 2016 година.

„Соборните храмови сведочат за човештвото, постоењето и верата. И св.Тројца во Росоман секојдневно сведочи за вербата во бога. Недостигаат само фреските кои  уште на самиот почеток дадоа сосема нов лик на овој божји храм.Во нивната изработка со сопствени средства ќе помага и црквата“ рекоа свештениците од овој храм во Росоман.

Повикот за донации е отворен. Досега по желба на жители од Росоман и Кавадарци поставени се украсните лустери и неколку битни елементи во црквата.Заинтересираност за донирани фрески има, а управата очекува уште хуманост од верниците./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.