Росоман доби фискултурна сала, ново училиште селото Паликура
Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на Тиквешијата. Во Росоман ја предаде во употреба спортската сала во училиштето „Пере Тошев,а во селото Паликура новоизграденото училиште. Во Кавадарци беше пуштен патниот правец Страгово-Крњево-Ладно Долче.
Спортската сала во училиштето е комплетно опремена со спортски реквизити и располага со гардероби, туш кабини, санитарни јазли, простории за сместување на спортските реквизити и посебни простории за наставници по спорт и спортски активности. За оваа инвестиција биле потрошени 24 милиони денари.
„Денешниот ден кај многумина ќе побуди вмешани чувства, чувства на радост и тага. Тага зашто од овие краеви се подигнати многу генерации на ученици кои никогаш порано за време на своето образование немале своја сопствена сала и вистински услови за физичко образование и развој на спортскиот дух. Жално и тажно е што никој порано не се заинтересирал да ја промени оваа состојба“ рече премиерот Груевски .
Во неговото обраќање на свеченоста за предавање во употреба на спортската сала потенцира дека од големо значење за овој регион е изградбата и на брзиот пат Градско-Прилеп кој ќе почнел да се гради годинава..
„Со изградбата на салата во ОУ „Пере Тошев“, ќе им се овозможат адекватни услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование на околу 400 ученици, како и изведување воннаставни активности, а објектот ќе биде достапен за сите заинтересирани жители на општина Росоман, за рекреација, одржување спортски натпревари и културни манифестации. При изградбата се испочитувани сите стандарди за градење ваков тип објекти, а особено внимание е посветено на енергетската ефикасност, сигурноста и квалитетот на вградените материјали“ рече заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Градонаачлникот на Росоман, Стојанче Лазов ја нагласи големата корист од овој објект за младите во Росоман кои сакаат да спортуваат.
„Со овој спортски објект ќе го подигнеме спортскиот дух во нашата општина позната како земјоделска, но и како општина во која се цени спортот. Се надеваме дека со пуштањето во употреба на оваа спортска сала бројот на спортските клубови и спортисти кај нас ќе се зголеми“ рече Лазов.
„Новото училиште на учениците ќе им овозможи нови, многу подобри услови за настава. Дополнително, со неговата изградба се отвора простор во старите монтажни бараки да се всели месната заедница, да се отвори простор за руралниот доктор или да се користи за други потреби за кои општината ќе донесе одлука. Старото монтажно училиште се уште е тука како сведок на едно минато време во кое, за жал, поминаа многу генерации, ученици кои учеа во тешки и несоодветни услови. Потребата да се изгради ново училиште беше неминовна и ние ветивме дека ќе го помогнеме тој проект.“ рече Груевски.
Toj ги спомена и останатите проекти помогнати од владата кои се реализирани во општина Росоман, реконструикцијата на патот Росоман-Паликура, изградбата на патот од селото Паликура до селото Курија кое од исклучително значење за земјоделците од овој регион бидејќи за 11 километри е скратен патот до Неготино
„ Се надеваме дека со изградбата на новото училиште ќе се подобри квалитетот на наставата, ќе имаме подобар успех на учениците. Благодарение на Владата и премиерот кои се грижат за сите граѓани да добијат квалитетни услови за живот, денеска го пуштаме ова училиште кое заедно со асфалтираните улици во скоро целото село со локалниот пат до Паликура, но и до селото Курија го поврза и го стави Паликура како атрактивно место за развој“ рече градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов и додаде дека во соработка со ОУ „Пере Тошев“ од Росоман, била сменета столаријата во сите училишта во општината. Во централното училиште доградени се нови училници, а сменет е покривот во подрачното училиште Сирково, Камен Дол и Трстеник./A.Д