Големи штети направил градот во росоманско
Објавено на 25 мај, 2015 во 10:21
Интензивни врнежи од дожд и град вчера попладне ги зафатија Росоман и околинината. Настрадаа многу земјоделски насади. Градот бил со големина на лешник и орев.
Земјоделците кажуваат дека после обиколката на терен утврдиле дека многу плодови- праски и круши биле испаѓани на земја, а многу биле оштетени. Штети има и на градинарските култури.
Првичните информации дека се работи за големи штети во земјоделското производство потврдува и градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов. Тој најави дека утре комисии од општината ќе излезат на терен да направат проценка на вистинските штети.
Покрај Росоман, градоносниот облак ги зафати и селата Манастирец, Трстеник и дел на Сирково./А.Д