Росоман и Манастирец без вода за пиење
Поради поголем дефект на водоснадителниот систем Росоман и селото Манастирец се без вода за пиење. Настанала хаварија поради свлекување на „турскиот рид“. Поради тоа жителите на Манастирец три дена немаат вода за пиење.
Од општината велат дека работат на решавање на проблемот и дека жителите треба да бвидат трпеливи бидејќи се работи за поголема хаварија на водоснабдителниот систем.
„Овој дефект е дополнителен фиансиски терет.Поради состојбата истиот место на јавното комунално претпријатие ќе падне на грбот на општинскиот буџет“ вели градоначалникот Стојанче Лазов и додава дека причина за свлечиштето се поројните дождови во февруари и март.
Тој потврдува дека интензивно се работи на изградбата на вентилот и шахтата, дел од меѓуопштинскиот проект со кој водата од Лукар ќе стигне и во Росоман. Лазов очекува за два месеца да заврши изградбата на тој систем и дека жителите ќе имаат редовно и квалитетно водоснабдување./А.Д