Наместо да си го бранат својот интерес, земјоделци бранат политика
Десетици земјоделци предводени од лидерот на „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов денеска на пладне го блокираа патот Градско – Прилеп кај Росоман. Се решиле да протестираат бидејќи државата била загрозена од туѓи држави – рече Аризанов.
Според него имало време кога да се протестира поради неисплатените субвенции и неисплатените обештетувања на земјоделците од елементарните непогоди во минатиот период. Аризанов е дециден сега државата морало да се заштити од насилно превземање на власта.
„Се собравме околу поддршката на државата. Да можеме да си ја зачуваме државата бидејќи се работи за нејзиниот територијален суверенитет и интегритет. Тоа е најбитната работа. Знаеме дека условите во земјоделството се многу тешки пред се мрзнењето кое ни се случи, но сметам дека сме апсолутно засегнати и со неисплатата на субвенциите. Тоа сето може да се преболи. Со текот на време ќе ги добиеме субвенциите , но ако ја загубиме државата која виси на конец тоа нечини“ рече Аризанов.
На прашањето од кого е загрозена државата што земјоделци се решиле да протестираат Аризанов со одговор: „Државата е загрозена со помош на поедини партии кои ги прифатија странските платформи. Со тек на време би дошло до разнебитување на државата и поедини делови би летнале во туѓи прегратки. Некој сака да ја земе присилно власта. Немаме ништо против присилно превземање на власта, но нека се откажат од тиранската платформа“ нагласи Аризанов и додаде дека денешниот протест е организиран од „Агротиквешија“. Сеуште немале одлучено дали вакви протести и блокади ќе организираат и во наредните денови.
А.Д