Се намалува бројот на хоспитализирани ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 26 ноември, 2021 во 11:32
Вкупно 36 ковид пациенти се лекуваат во ЈЗУ Општа болница Велес од кои 31 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Примен е еден пациент во Модуларна болница, пренесен од Интерно одделение. Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 16 пациенти, на Интерно Б одделение тројца пациенти и во Модуларна болница 17 ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 13 пациенти.
Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишани се пет пациенти.
Стефани Манева