Се патува со автобус, од почетокот на месецов, од Велес до Градско

Објавено на 10 февруари, 2022 во 15:57

Меѓуопштинска автобуска линија Велес – Градско – Велес функионира од почетокот на месец февруари, годинава. Автобуси на „Пан Промет“ секојдневно, освен сабота и недела, сообраќаат во двата правци.

Поаѓањата од Велес кон Градско се во четири термини и тоа 07:30 часот, во 12:50, во 15:30 и во 19:30 часот, автобусите тргнуваат од Трговски Центар во Нова Населба и имаат попатни станици на Градската велешка автобуска, на постојката во Долни Дуќани, во селата Ногаевци и Виничани со крајна постојка во Градско.

Во обратна насока автобусите возат со почетна станица во Градско во 06:10 часот, во 12:00 часот, во 16:10 часот и во 18:15 часот. Билетот во еден правец чини 120 денари, засега не се издава повратен билет.

-Одлуката за воспоставување на редовна автобуска линија Градско – Велес ја донесе Совет на Општина Градско. Минатата година, на 8 ноември, беше распишан јавниот повик за избор на најповолен понудувач. Се пријавија две автопревозни фирми и тоа „Пан промет“ и „Неџо турс“. Избрана беше фирмата „Пан промет“ од Велес чија што понуда беше поповолна. Од први февруари, годинава, воспоставена е секојдневната автобуска линија, рече Киро Нацков градоначалник на Општина Градско.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.