Се запали стан во Велес, пожарникарите го изгаснаа огнот
Објавено на 7 септември, 2024 во 18:32
Во 10:17 часот, денеска, во Територијалната противпожарна единица примена била дојава за чад кои излегува од стан на една од главните градски улици, поточно на „Благој Ѓорев“ со број 125.
Таму веднаш се упатиле едно противпожарно возило и пет пожарникари.
„ По пристигнување на лице место пристапено е со гасење на пожарот. Благодарение на навременото пријавување и брзата интервенција на нашите колеги не е дозволено пожарот да се прошири и да направи поголема штета во станот,“ соопштија од ТППЕ Велес.
Убавка Јаневска