Се запалила надворешна единица на клима, на последен кат од зграда кај Градски пазар
Објавено: 12 март, 2026, во 10:22 часот
Со брза интервенција во која учествуваа шест пожарникари – спасители со едно против пожарно возило на Територијалната против пожарна единица Велес изгаснат е пожар на надворешна единица на клима на поткровљето на зграда на улица „Нада Бутникошарова“ во Велес. Зградата се наоѓа на локација спроти Градски пазар, во стариот дел на градот. Информацијата ја потврдија од Центар за управување со кризи Велес.
Пријавителот, утрово во 08:40 часот, првично дојавил дека избил пожар на покривот од зградата каде имало поставено и сончеви панели но по пристигнување на пожарникарите – спасители било констатирано дека гори надворешна единица на клима уред.
-Интервенцијата траела кратко, пожарот е изгаснат, соопштија од Центар за управување со кризи.
Густиот бел дим на пожарот се виде и од центарот на Велес, поточно од плоштад Сармаале, и првично укажуваше на појава на сериозен пожар.
Убавка Јаневска


