Се зголемува одѕивот на помладите за вакцинарање против ковид-19 во Велес
Поголем број млади а помал број на повозразни граѓани денеска чекаа да се вакцинираат на двата вакцинални пункта на ЈЗУ Здравен Дом Велес. Помладите се вакцинираа со прва доза од вакцината „Фајзер“ додека повозрасните граѓани над 60 години со „АстраЗенека“. И граѓани што се на средна возраст денеска добиваа вакцина „Фајзер“.
-Во моментов пуштаме прва доза од вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“ на граѓани коишто доброволно се појавуваат во здравствената установа. Останатите граѓани коишто се дојдени за ревакцинација имаат термин и го чекаат својот ред. Денеска на вакциналните пунктови во ЈЗУ Здравен Дом во Велес, се ревакцинира со вакцините „Фајзер“, „Синовак“ и „АстраЗенека“, рече Д-р Марина Тодоровска од службата за имунизација.
Деновиве граѓаните ќе се ревакцинираат со трите вида на вакцини, додека прва доза ќе примаат од вакцината „Фајзер“ и „АстраЗенека“. И покрај големиот број на присутни граѓани со помош на волонтерите на Црвен Крст во чекалните не се создаваше метеж. Така ќе биде цела оваа работна седница во којашто службата за имунизација ќе работи до 13:30 а ако има потреба и до вакцинирање на последниот присутен граѓанин.
Стефани Манева