Што треба да знаете за змијата поскок, најотровна е во Македонија – видете како да ја препознаете!
Поскок, позната уште како змија камењарка, е најотровната змија како во Македонија така и во Европа. Во државава има вкупно 16 видови регистрирани змии, од нив само три се отровни, а две полуотровни.
Поскок достигнува вкупна должина од најмногу 95 см, иако најчесто е околу 85 см.
Најлесно може да се препознае по рокчето на муцката. Шарите на поскок се разликуваат според полот. Мажјаците имаат неправилни темнокафеави, темносиви или црни белези, а женките имаат слични, но помалку впечатливи шари.
Отровот може да биде прилично токсичен, но се разликува од временскиот период и кај разни населенија. Содржи хемотоксини што ја засируваат крвта со исти последици и сила како отровот на ѕвечарките. Други својства се противзасирувачки ефект, хемоконцентрација и крварење. Каснувањето од поскок предизвикува болка, отекување и промена на бојата, кои можат да се јават веднаш. Може да се јави и вртоглавица.
Луѓето, глувците и птиците веднаш реагираат на каснување од поскокот, додека пак гуштерите се помалку засегнати, а водоземците дури можат и да преживеат.
Отровот на поскок се користи за добивање на противотров од каснувања на други европски змии и за оваа намена постојат посебни одгледувалишта.
Дума.мк