Силна експлозија вчера вечер ги вознемири граѓаните во центарот на Велес
Силна детонација се слушна,вчера вечер,околу 21 часот, во ценарот на градот. Звукот наликуваше на последица од топовски удар или есплозија на запален автомобил, можеби плинска боца и слично. Детонацијата освен граѓаните кои живеат околу плоштад С`рмаале, населба Дворови, месност Карпамаале, околу поранешна Стоковна куќа, исто така, ја слушнале и граѓани кои живеат на Прцорек како и во населба Речани.
Од граѓани кои живеат околу плоштад С`рмаале, Дума.мк, дознава дека штом поминале неколку минути по детонацијата во воздухот се чувствувал мирис на запален гас или на пиротехнички средства.
„Никој не пријавил, детонација или слично случување во центарот на Велес,“ гласи одговорот на Центар за управување со кризи и на Дирекција за заштита и спасување.
Единствено за тоа што го слушнаа вчера вечер велешани , утрово, потврда стигна од СВР Велес од каде Дума.мк побара одговор на новинарските прашања: дали има пријава од граѓани , во колку часот, каде точно се случила екплозијата, што ја предизвикало и дали има последици по имот.
Од СВР Велес најавија одговор на поставените новинарски прашања.
Убавка Јаневска