Со пет новопримени вкупо 24 ковид пациенти во ЈЗУ Општа болница Велес
Објавено на 11 јануари, 2022 во 12:28
Во велешка болница на болничко лекување се вкупо 24 ковид пациенти од кои девет се потвердени позитивни, тројца пациенти се сомнителни и дванаесет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примени се пет пациенти од кои еден пациент е пренесен од Интерно одделение, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се осум ковид пациенти.
На Интерно одделение се лекуваат 20 и на Интерно Б одделение четворица пациенти.
Стефани Манева