„Социјално домување во Чашка“ со поддршка на Хабитат Македонија, Фондација „Сент Гобен“ и Општина Чашка
Ќе се подобрат условите за домување на осум семејства кои живеат во згради со социјални станови, ќе се надгради дневниот центар за социјални услуги за ранливите лица и ќе се зголемат можностите за вработување во општина Чашка.
Со проектот „Социјално домување во Чашка“ поддршка ќе обезбедат осум домаќинства со 20 членови, преку директно реновирање на куќите во кои живеат. Исто така ќе се реновираат и два објекти. Станува збор за приземни згради со вкупна основа од 456 м2. Сопственик на зградите е општина Чашка која организира социјални станови за домаќинствата со ниски приходи.
Првиот објект со вкупна површина од 281 м² ќе биде комплетно реновиран со термо фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни облоги, олуци и нови прозорци и врати.
Вториот објект е двонаменски, поточно првиот дел со површина 175 м² се користи како Дневен центар за стари лица и вториот дел, во којшто сместени се две стамбени единици и во нив живеат лица со телесен инвалидитет. Овој објект ќе биде реновиран со термофасада, хидроизолација на бањи и термоизолација на покривот, сливници како и со нови прозорци и врати.
Во рамките на проектот ќе биде организирана обука и сертификација на 10 лица во областа на градежништвото.
Проектот „Социјално домување во Чашка“ е финансиран од фондацијата „Сент Гобен“ со 70.000 евра, а Чашка обезбеди учество од 900.000 денари, од општинскиот буџет.
Убавка Јаневска