Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, забрани за движење на камиони на сите планински премини освен на Ѓавато
Објавено: 21 јануари, 2026, во 09:32 часот
Во 08:25 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Ѓавато на патниот правец Битола-Ресен додека забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини: Стража, Плетвар, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и граничен премин Ќафасан, соопшти Авто мото сојуз на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и со остатоци од снег по коловозите.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември 2025 година до 31 март 2026 година затворен е за сообраќај за сите видови возила.


