Спортскиот ветеран Ангел Мицевски Скакар е добитник на државно признание „8 Септември“  

Објавено: 4 септември, 2026, во 09:11 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Велешанецот Мицевски кој е поврзан со почетоците на борењето во Велес, денеска, во Кристалната сала на Собранието ќе добие високо државно признание кое што се доделува на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2026 година.

Тој е еден од вкупно четворицата добитници во Македонија на ова високо спортско признание поточно освен него добитници се уште Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски  додека наградата за за животно дело ќе му биде врачена на Трајчо Димков, исто така борач.

Велешанецот Мицевски е добитник и на посебното општинско Признание за „60 години учество во борење“во 2021 година. Овој велешанец, е роден Којничанец и токму во овој познат дел на Велес ги мине младешките денови кога кај него започнува да тлее љубовта кон борењето. Како младо момче го покажува својот талент во Железничарскиот боречки клуб „Борец“ и веднаш започнува да ниже успеси како дома така и на Интернационални борачки натпревари во Европа.

Мицевски е еден од заслужните велешки борачи кои ги организираат и успешно ги реализираат двата врвни настани, во Велес. Тоа се боречките натпревари „Бисери” во 1985 и во 1995 година, со учество на голем број борачи од исто така голем број на држави.

Освен како борач Мицевски своите квалитети ги покажува и како одличен тренетр. Мицевски и сега додека ги живее деновите од својот живот во трета доба е активен стручен консултант во велешкиот боречки клуб „Борец“ .

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.