Старец во Кавадарци нападнал полициски службеници

Објавено на 2 декември, 2021 во 14:10

Полициски службеници од Полициска станица Кавадарци, вчера, 1 декември, околу 10:30 на улица „Илинденска“ во Кавадарци, го лишеле од слобода седумдесет годишниот К.К од Кавадарци бидејќи физички нападнал полициски службеници коишто вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Во текот на истиот ден, полициски службеници на улица „7-ми септември“ во Кавадарци, го лишеле од слобода педесет и три годишниот О.Р од Кавадарци.

-Се сомничи дека тој во угостителски објект му се заканувал на четириесет и пет годишниот Г.М од Кавадарци за долг од 6.500 евра што го имал Г.М кон него и за кој му барал да му исплати 50.000 евра, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.