Судскиот совет ја избра Мила Цилакова за судијка на Основен суд Велес

Објавено на 10 март, 2025 во 16:17

Изборот на Цилакова се одржа денеска, на редовна седница на Судскиот совет, кој за избор на еден одлучуваше по поднесени кандидатури на вкупно три кандидатки од Велес.

Мила Цилакова е дипломец на Правен факултет при УКИМ во генерација 2006/2007 година и две години подоцна положен првосуден испит. Таа почетното искуство го стекнала како адвокат и има завршено Академијата за судии и обвинители.

Со новоизбраната судијка во Основен суд Велес се вработени 11 судии и заедно со претседателката на судот Валентина Ѓоргиева вкупниот број на судии во овој суд изнесува 12.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.