Со секира се обидел да го нападне градоначалникот на Свети Николе
Објавено на 28 јули, 2016 во 11:59
Четириесет и седум годишниот Т.Ј. од Свети Николе со секира се обидел да го нападне градоначалникот на општината. Тој вчера околу десет часот претпладне, влегол во општинската зграда. Се обидел да влезе во кабинетот на градоначалникот, но обебзедувањето го спречило.
Откако не успеал да влезе кај првиот човек на општината, тој се упатил кај секретарката и почнал да ја навредува со погрдни зборови. Потоа излегол во ходникот и со секирата удирал по стаклото и радијаторот, а му се заканувал и на раководителот на обезбедувањето. Во тој момент еден од вработените успеал да му ја земе секирата а Т.Ј. бил приведен во полициска станица. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Даниела Саздова