Се опил и се обидел да си го убие таткото!

Објавено на 17 јануари, 2013 во 11:55

Семејната драма се случувала во Свети Николе.

Меѓусебна расправија меѓу татко и син во Свети Николе, вчера попладнето  ескалирала во вооружен инцидент. Семејната драма се случувала во 14.30 часот откако четириесет и три годишниот Т.Ј.  се опил и започнал расправија со неговиот 70 годишен татко Т.Ј. револтиран од расправата започнал да го заплашува татка си со нож и во еден момент му го ставил ножот на врат. Му го забодел зад левото уво, а му нанел и гребнатина на десната страна од вратот. Старецот бил однесен во Јавниот здравствен дом во Свети Николе, а синот завршил на разговор в полиција. Против насилникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.