Пожар ја пеплоса млекарницата „Николови“

Објавено на 1 август, 2016 во 15:41

Нема жртви во големиот пожар што денеска избувна во светиниколската млекарница „Николови“. Огнот избувнал претпладнево, околу 9 часот, кога вработените заминувале на пауза за појадок. Очевидци велат дека материјалната штета е многу голема.

По неколку часа гаснење на огнот, пожарникари од Свети Николе со помош на колеги од територијалните противпожарни единици од Штип и од Велес, ја ставиле под контрола а потоа и ја угаснале огнената стихија од која скоро целосно изгорела млекарницата.

Убавка Јаневска

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.