Во Свети Николе, до 10 часот, излегле и гласале 13% од избирачите
Објавено на 15 октомври, 2017 во 11:16
Илјада осумстотини деведесет и шест евидентирани граѓани на Општина Свети Николе од вкупно 14.878 во Единствениот Избирачки список гласале до 10 часот, соопшти Претседателот на ОИК Свети Николе, Јонче Стојанов. Тоа изнесува 13% од вкупниот број на избирачи. Светиниколци денеска, на шестите локални избори, гласаат на 34 избирачки места. Изборот за нов Градоначалник и за нов состав на Советот на општината го прават на две избирачки ливчиња на кои имаат двајца кандидати за Градоначалник и две листи со кандидати за Совет на општината.
– Не се забележани засега проблеми во изборниот процес. Исто така, на подрачјето на општината, вчера, правото на избор го остварија и 88 болни и немоќни лица, рече Стојанов./У.Ј