Граѓанското општество ќе ја јакне демократијата преку унапредување на родовата еднаквост
Многу е значајна соработката помеѓу локалните власти и граѓанските организации затоа што тие работат за граѓаните во локалната заедница. ЕУ е многу задоволна што го финансира проект: „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамично граѓанско општество“ бидејќи претпочита проекти што нудат практични резултати за граѓаните во локалните заедници.
– Затоа обезбедивме финансиски средства за поголем број на граѓански организации со цел да стигнеме до локално ниво. ЕУ е заинтересирана да обезбеди доволен број на фондови наменети за граѓанските организации на локално ниво кои соработуваат со општините , рече програмската менаџерка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Софи Беаумонт на промоцијата на проектот што во наредните две години, во пет општини на Вардарски регион, ќе го спроведуваат шведската Фондација „Жена за жена“и Организација на жени на општина Свети Николе.
Проектот ќе ги зајакнува свеста и капацитетите на граѓанските организации и комисиите за еднакви можности на општините Свети Николе, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Неготино, за теми и прашања од родовата еднаквост ,ќе го зголемува нивниот придонес кон имплементација на законските регулативи и релевантни политики за родовата еднаквост и права на жените и преку Форум ќе ги јакне соработка и вмрежувањето.
– Ние би сакале да работиме на полето на унапредување на родовата еднаквост, преку вклучување на главните чинители кои што тоа можат да го постигнат, тоа се функционалните локални механизми без кој што невозможно е донесувањето на локалните политики и секако динамичното граѓанско општество кое што е тука за да покаже што недостасува, што е тоа што треба да се направи и секако на кој начин тоа треба да се направи на база на нивното искуство на терен, рече проектната менаџерка на Фондација „Жена за жена“ др Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ.
Проектот има вкупен буџет од 297.023.00 EUR. Преку регрантирање на финансиски средства ќе им помогне на пет локални женски или организации кои ги имаат жените како таргет а се зависни од обезбедување на финансиска поддршка за нивна одржливост за да можат да продолжат да работат како независни набљудувачи.
– Главна цел на проектот е да се креираат поволни услови за имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и интегрирање на родовиот аспект на ниво на политики. Проектот исто така ќе обезбеди финансиска поддршка за пет локални женски организации или организации кои работат со целна група жени кои ќе бидат вклучени во имплементација на специфични модули од овој проект, рече проектната координаторка на Организацијата на жени на Свети Николе Јасмина Трајчева.
Освен преставници на граѓански организации од таргетираните пет градови во Вардарскиот регион, на промоцијата на проектот, учествуваа и преставници на комисиите за еднакви можности како и претседавачи на Совети и Градоначалниците на Општина Свети Николе, Сашо Велковски и на Демир Капија, Лазар Петров./У.Ј