Светиниколската полиција открила девет мигранти во возило „Алфа Ромео“

Објавено на 22 јуни, 2018 во 13:03

pat fin

Кај место викано „Канда“,на автопатот Штип-Скопје, ноќеска околу 1 часот и 35 минути полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки. Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип.

Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и побегнал.

Во извршениот преглед во возилото полицијата открила девет лица-мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.