Светиниколци новата година ја почнаа со дводневна крводарителска акција

Објавено на 3 јануари, 2019 во 17:26

krvodaruvanje2 fin

Kрводарителите во Свети Николе, денеска 3 и утре 4 јануари, ја реализираат првата акција во Новата 2019 година што е организирана од општинскиот Црвен крст и Републичкиот завод за трансфузиологија во Скопје.

На дводневна крводарителската акција се очекува голем одзив на граѓаните.

gradonacalnik fin

Меѓу првите што денеска даруваа крв беше и градоначалникот Сашо Велковски.

Минатите години според бројот на собраните крвни единици Свети Николе се наоѓа во врвот листата на општини со најголем број на дарители. Според показателите се очекува и оваа година да биде една од успешните со надминување на зацртаниот број, неколку десетици проценти повеќе собрани крвни единици.

krvodaruvanje1 fin

Резултатите за собраните крвни единици ќе бидат соопштени во петок, на 4 јануари./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.