Војдан Гичев е првиот жител на Свети Николе во 2019 година
Новороденчето се роди вчера, на 2 јануари во 3:55 часот во ЈЗУ „Г.Гаврилски“ во Свети Николе. Неговата мајка Гордана имаше природно породување кое го водеше специјалистот по гинекологија и акушерство д-р Надица Стојковска.
Војдан е трето дете на Гордана и Драган Гичеви. Тој веќе има две постари братчиња на возраст од 11 и 13 години.
Денеска Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски со претставници на општинската администрација ги посетија Војдан и неговата мајка кога и врачија чек во вредност од 20 илјади денари, колекција за нега на бебе и играчка.
– Честитки на Гордана и Драган за синчето , со желби за среќно и безгрижно детство. Воедно во свое и во име на Советот на општината упатувам благодарност до д-р Надица Стојковска , секако и до персоналот на здравствениот дом, за беспрекорното породување, рече Градоначалникот Велковски./У.Ј