Војдан Гичев е првиот жител на Свети Николе во 2019 година

Објавено на 3 јануари, 2019 во 17:55

GradonacalnikdavapodarokSv

Новороденчето се роди вчера, на 2 јануари во 3:55 часот во ЈЗУ „Г.Гаврилски“ во Свети Николе. Неговата мајка Гордана имаше природно породување кое го водеше специјалистот по гинекологија и акушерство д-р Надица Стојковска.

Војдан е трето дете на Гордана и Драган Гичеви. Тој веќе има две постари братчиња на возраст од 11 и 13 години.

Денеска Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски со претставници на општинската администрација ги посетија Војдан и неговата мајка кога и врачија чек во вредност од 20 илјади денари, колекција за нега на бебе и играчка.

Prvo bebeSveti Nikole fin

– Честитки на Гордана и Драган за синчето , со желби за среќно и безгрижно детство. Воедно во свое и во име на Советот на општината упатувам благодарност до д-р Надица Стојковска , секако и до персоналот на здравствениот дом, за беспрекорното породување, рече Градоначалникот Велковски./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.