Тешко повредена Светиниколка на Овче Поле
Објавено на 4 јануари, 2019 во 11:22
На магистралниот пат Штип-Велес, кај крстосницата Овче Поле, автомобил удри жена.
Жена е од Свети Николе, на возраст од 57 години. Неа и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош и пренесена во штипската Општа болница. Поради сериозноста на здобиените повреди потоа била транспортирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Возилото кое ја удрило жената било управувано од 48-годишен скопјанец.