Градоначалникот Велковски: Дете што посетуваше градинка во Свети Николе е позитивно на Ковид 19

Објавено на 30 септември, 2020 во 10:53

svetnikole fin

30.09.2020

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, го потврди случајот и додаде дека уште три деца од групата во градинката „Рахилка Гонева“ се во изолација заедно со две воспитувачки и една негователката. Групата со заболеното дете е составена од вкупно четири деца .

– Детето не го добило вирусот во градинката туку од надворешен контакт. Заедно со осстанатите дечиња како и воспитувачките и негователката се без симптоми но се ставени во изолација. Сите ќе бидат тестирани на ковид-19. Чекаме инструкции за денот на тестирањето, додаде Велковски.

Во градинката “Рахилка Гонева“ во Свети Николе претходно беа регистрирани три случаи на корона вирус кај вработени. Од нив две беа негователки и еден адмнистративен работник кој е во во изолација. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.