СВР Велес одржа едукативна работилница во основното училиште во Градско
Објавено на 1 ноември, 2023 во 09:32
Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско заедно со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во основното општинско училиште „Даме Груев“ во Градско одржаа едукативна работилница на тема ,,Насилство во училиштата“.
-Посебен акцент беше ставен на „сајбер булинг“ и начините и методите кои треба да се користат во справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, со учениците се разговараше и на тема „Безбеден во сообраќајот, безбедни пешаци”, со посебен акцент за безбедно доаѓање и заминување на учениците од училиште, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Дума.мк