СВР Велес одржа едукативна работилница за сајбер булингот во велешкото училиште „СВ. Кирил и Методиј“

Објавено на 24 ноември, 2023 во 10:05

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал и малолетничка деликвенција при СВР Велес, во текот на вчерашниот ден, одржаа едукативна работилница за учениците од шесто до деветто одделение во основното општинско училиште „СВ. Кирил и Методиј“ во Велес.

Во рамки на работилницата активностите беа посветени на темите „Насилство во училиштата и „Врсничкото насилство“ – со посебен акцент на сајбер булингот, односно малтретирањето и насилството на социјалните мрежи. Посебно стана збор и за начините и методите кои треба да се користат во превенирањето и справувањето со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, објаснуваат од Министерство за внатрешни работи.

Исто така, децата биле запознаени и со ризиците и последиците, вклучително и законските од видовите на социо-патолошко поведение. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.