СВР Велес реализира превентивна кампања – „Користи зимска опрема“

Објавено на 17 ноември, 2022 во 09:55

Со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот, пред се возачите, за законската обврска за задолжително носење на зимска опрема, којашто започна на 15 ноември, годинава, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес реализираа превентивна кампања.

На различни локации на автопатот А1 во правец Градско – Велес, полициските службеници на возачите им укажуваа на објективната потреба на зимската опрема но и проверка на исправноста на возилата.

-Оваа кампања е со цел зголемување на безбедноста, како лична така и на другите учесници во собраќајот. Исто така на возачите им беше укажано и за казнените законски одредби што произлегуваат од непочитувањето на задолжителното носење на зимска опрема, пишува во соопштението на МВР.

Оваа кампања за важноста на обврската за користење на зимска опрема којашто трае до 15 март, следната година, ја реализираа полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.