СВР Велес со превентивни активности за безбеден сообраќај во градот

Објавено: 16 декември, 2025, во 13:06 часот

Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, реализира превентивни активности на подрачјето на Велес со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Акцентот на активностите беше ставен на користење на зимска опрема и спречување на управување со возило под дејство на алкохол. Полициските службеници во непосредна комуникација им укажаа на возачите на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, заради лична безбедност и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Посебно беше потенцирана опасноста од возење во зимски услови, кога патиштата бараат максимална внимателност, како и значењето на користење на соодветна зимска опрема. На возачите им беше поделен печатен едукативен материјал, изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за дополнително подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.