СВР Велес спроведе едукативно – превентивна работилница во ООУ „Блаже Конески“

Објавено на 19 октомври, 2023 во 09:31

Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес заедно со полициски службеници од областа на малолетничка деликвенција и компјутерски криминал при СВР Велес, во текот на вчерашниот ден, 18 октомври, спроведоа едукативно-превентивна работилница заедно со учениците од ООУ „Блаже Конески“ во Велес.

-Притоа беа опфатени темите на врсничкото насилство и насилството преку социјалните мрежи, а се во контекст на превенцијата од насилство во училиштата. Посебно внимание се посвети на најспецфичните карактеристики на овие форми на насилство во училиштата, како и на начините и методите кои треба да се користат во справување со овие видови на девијантно однесување помеѓу младите, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Во текот на истиот ден, полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип, по повод Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, со ученици од основното општинско училиште „Гоце Делчев“ спроведоа едукативна работилница на тема трговија со луѓе.

-Врз основа на полициските искуства и практики во борбата против криумчарење на луѓе, а преку непосредна комуникација со учениците, поткрепена со видео презентација, на учениците им беа презентирани сите аспекти на овааа појава и начините како да се заштитат, додаваат од МВР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.