Театар при Домот на културата “Иван Мазов Климе“ Кавадарци со уште една премиера овој месец

Станува збор за монодрамата „Кротка“ која е копродукција на Театарот при Домот на културата и Комисијата за еднакви можности при Локална самоуправа Кавадарци.
Монодрамата „Кротка“ е драмска адаптација на истоимената новела од Фјодор Михајлович Достоевски, која се базира на длабока психолошка анализа на еден човек што се соочува со ненадејната смрт на својата сопруга која што е млада, тивка и кротка девојка. Монодрамата претставува исповед на човекот кој, во состојба на шок и вина, се обидува да го реконструира текот на нивниот однос, да ја разбере тишината на својата жена и причините за нејзиното самоубиство.
Драмската адаптација и режија се на Микица Илова. Во претставата игра Сашко Орепков, а гласот е на Марија В‘чкова. Премиерата на „Кротка“ е во понеделник на 23 јуни 2025 и првата реприза наредниот ден, вторник, на 24 јуни.
Убавка Јаневска
