Тело на маж извадено од Вардар во Велес
Објавено на 2 мај, 2024 во 14:27
Телото на починатото машко лице го пронашле полициски службеници на СВР Велес вчера утро, околу 8:30 часот, во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес. Потоа била организирана постапка за вадење на телото на починатиот од страна на полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР. Во изминатите 24 часа телото било оставено на чување во Градска капела, на гробишта во Раштани.
На лице место увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото во текот на денешниот ден е предадено на обдукција.
Убавка Јаневска