Тепачка на градски пазар во Кавадарци
Објавено на 23 август, 2021 во 10:32

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден, 22 август, во Полициска станица Кавадарци биле пријавени две тепачки.
Првата тепачка ја пријавил шеесет и седум годишниот Б.У од Кавадарци, кој во 09:15 часот на градскиот пазар во Кавадарци, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Г.Ш (61).
Во текот на истиот ден, во ОВР Кавадарци, триесет и четири годишниот М.С од Кавадарци, пријавил дека претходниот ден, 21 август, околу 23:45 бил физички нападнат од неговиот зет за сестра Б.К.
По целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева
