Тепачка помеѓу двајца велешани
Објавено на 19 август, 2021 во 11:16
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден, 18 август, на улица „Богдан Каракостев“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца велешани, Ш.Р (35) и А.М (38).
– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во последното деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се осум лица на подрачјето на СВР Велес. Казнети се две лица од Велес и шест од Неготино. Против нив ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева