Тешка сообраќајка на приклучокот на експресниот пат Прилеп – Градско, загинат возач од Крива Паланка

На експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, вчера вечер, во 22:30 часот, товарно возило „рено“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда. Во обид да го избегне, возачот М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во метална ограда.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено“ констатирани во Општата болница во Велес, каде бил пренесен и му била укажана лекарска помош но во 01:30 часот, на 24 мај, им подлегнал на здобиените повреди. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Убавка Јаневска
