Тешка сообраќајна несреќа со две жртви во близина на Свети Николе

Објавено на 24 ноември, 2021 во 16:04

На крстосницата на локалниот пат од Свети Николе за село Горобинци се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „Ауди“ управувано од триесет и седум годишниот В.С од Свети Николе.

Во несреќа возачот и дваесет и едно годишната С.А од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на лице место. Во автомобилот тие имале и сопатник , дваесет и осум годишниот Д.Ј, којшто се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Здравствен Дом Свети Николе, соопшти МВР.

Сообраќајната несреќа се случила рано утринава околу 02:45 часот и била пријавена во ОВР Свети Николе .

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.