Товарен воз прегази неготинец, се движел пеш по пругата
Објавено на 9 септември, 2022 во 10:07

Шеесет и четири годишниот Р.У од Неготино во вечерните часови се движел пеш по пругата на потег од железничка станица Неготино кон железничка станица Дуброва. Товарен воз којшто сообраќал на релација Табановце – Гевгелија удрил во Р.У којшто починал на местото на настанот.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека настанот се случил на 8 септември, четвртокот, два часа по полноќ. На местото на настанот бил извршен увид од екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино а бил известен и Јавен обвинител.
Стефани Манева
