Традиционално се одржа деветоноемвриска крводарителска акција, велешани повторно ја докажаа својата хуманост
Објавено на 8 ноември, 2021 во 11:00

Вкупно 173 граѓани ја подадоа својата рака и даруваа крв со цел да спасат човечки живот на традиционалната крводарителска акција по повод 9-ти Ноември, ден на Општина Велес.
Според Општинската организација на Црвен Крст Велес оваа крводарителска акција е успешна и велешани повторно ја докажаа својата хуманост.
Седум часовната акција беше организирана 13-ти пат по ред од Мото клубот „Носачи на крстот“ заедно со Општина Велес и Црвен Крст. Реализатор на истата беше Општинската организација на Црвен Крст од Велес како и Екипи од Инситутот за трансфузиона медицина.
Оваа крводарителска акција беше спроведена во текот на вчерашниот ден, 7 ноември, недела, во просториите на Ликовен Салон во Велес.
Стефани Манева
