Трагедија на една од главните улици во Свети Николе,обид за убиство и самоубиство

Објавено на 31 декември, 2022 во 12:08
Фото: Панорама на Свети Николе

Рано утрово, околу 7:50 часот на главната улица во Свети Николе се случила трагедија во која четириесет и три годишниот Т.А од Свети Николе се обидел да ја убие единаесет години помладата О.Б а потоа си го одзел животот. Жената се здобила со прострелна рана во раката нанесена од пиштол. Неа и била укажана прва помош во светиниколскиот Здравствен дом а потоа била пренесена во Клиничка болница во Штип.

На местото на настанот, во близина на Пензионерски дом, во Свети Николе увид извршиле  Јавен обвинител и полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните и непотврдени информации на обидот за убиство и самоубиството им претходела расправија поради невозвратена љубов.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License